Ким е жив, здрав и расположен – нови фотографии на севернокорејскиот лидер

3

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун беше снимен како насмеан претседава со седница на Централниот комитет на владејачката Работничка партија.

На фотографиите објавени од севернокорејскиот режимот, Ким седи на голема тркалезна маса облечен во бел костум, а покрај него седат неговите помошници.

Заштитна маска не може да се забележи кај ниту еден од присутните на состанокот, според извештаите на државните медиуми, на седницата коронавирусот не бил ниту споменат.

Kim Jong Un

Локалните медиуми објавија дека Комитетот детално разгледувал клучни прашања од економијата и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Новите фотографии се објавуваат неколку недели откако Ким се појави на отворањето на фабриката за ѓубрива, со што ги негираше шпекулациите дека е тешко болен или дека починал.