СДК: Полициски час од 22 часот, само во критичните градови, предлага Комисијата за заразни болести

3

Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 часот до 5 часот во критичните места со голем број активни случаи на КОВИД-19, како Скопје, Тетово, Штип и Куманово, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции.

Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ.

Според првичните податоци, ситуацијата со нови случаи денеска нема да биде драматично различна од претходните денови.
Активни случаи до вчера имаше 1.226 лица, од кои најмногу во Скопје – 658. Потоа следуваат Куманово со 140, Штип со 136 и Тетово со 119. По општини, активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи се: Чаир 152, Бутел 59, Гази Баба 58, Аеродром 53,Сарај 52, Центар 52 и Карпош 40.

Извор: sdk.mk