Нови 127 заразени, во Велес нема нови случаи на коронавирус

3
Infektivna klinika Skopje naslovna

Министерот Венко Филичпе ја информира јавноста дека во последните 24 часа се направени вкупно 702 тестирања, а регистрани се 127 нови случаи на коронавирусот.

На клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Институтот за јавно здравје регистрира седум оздравени пациенти.