Здравковски: Спротивно на уредбата, власта наплаќа станарина за социјални станови

1
Igor Zdravkovski 08.06.2020

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Велес реагира на тоа што државата им наплаќа закуп на сопствениците на социјални станови и покрај Уредбата која Владата ја донесе, со која времено ги ослободува од оваа обврска, додека трае кризата со коронавирусот.

„Државата продолжува и покрај уредбата да праќа сметки за закупнина на овие станови чии корисници се лица во социјален ризик односно лица со ниски примања, корисници на социјална помош или еднородителски семејства. За 144 семејства од Велес оваа мерка која им даде трошка надеж дека некој помислил и на нив се испостави дека е класична лага. За овие семејства кој се закупци на станови кои се во владение на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, стасани се и решенија за продолжување на договорите, кои ќе ги олеснат нивните скромни семејни буџети за дополнителни неколку илјади денари за комплетирање на документацијата која е потребна“, вели Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес.

Тој ја цитира точката 11 од Уредбата на Владата донесена во пакет економските мерки на 18.3.2020 година, според која плаќањето закуп за социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така ќе се одложи и плаќањето закуп и за граѓаните, а за фирмите ќе се донесе посебна уредба за ова прашање. Здравковски и порача на власта дека станарите од овие станови ќе ја казнат нивната политиката, со која, како што рече, ги манипулира граѓаните.