сабота, 26 септември, 2020
Реклама

Гувернерот на Њујорк ги советува сите демонстранти да се тестираат

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, ги повика сите кои учествуваат во протестите против убиството на Џорџ Флојд минатиот месец да се тестираат за коронавирусот.

„Ве молам, направете тест. Бесплатно е, достапен е“, рече Куомо.

Бидејќи градот Њујорк започна повторно да се отвора 100 дена по заклучувањето, Куомо ги предупреди жителите да „останат паметни“ за да избегнат повторување на случаите со коронавирус што се гледаат во другите американски градови.

„Граѓаните го направија она што многу експерти ми рекоа не беше можно за 100 дена“, рече Куомо. “Немав добар ноќен сон во овие 100 дена знаејќи некои работи што ми ги кажаа, но граѓаните ја “свиткаа” кривата со тоа што беа паметни. Ние славиме, повторно отвораме, возбудени сме. Нашата енергија се врати, останете паметни“.

Mon Жан - Играчки