Се испотепале пред канцеларијата на познат велешки нотар

2
tepacka 997x485

Тепачка во ходникот на канцеларијата на велешки нотар, на улица „Алексо Демниевски“ се случи вчера околу 12 часот, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

25-годишниот Д.Б. од светиниколското село Пеширово бил нападнат од осум години постариот К.М. од велешко Горно Оризари.

Дали спор, поради кој двајцата биле на нотар или некакво друго недоразбирање било причина за тепачката, треба да расчистат истражните органи.

По целосно документирање на случајот, полиција ќе поднесе соодветна пријава.