понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Прекрасна изведба на „Сербез Донка“ на велешанецот Благој Ламњов и Норшопингската филхармонија

Blagoj Lamjov

Благој Ламњов е кларинетист од Велес, а живее и работи во Шведска. Вниманието на културната и музичката јавност го привлече со деби-албумот „Носталгична љубов“,но и со неговите успеси на музичко поле во Шведска.

На почетокот од годинава тој одржа солистички концерт со Симфонискиот оркестар на Норшопинг Шведска, на која изведе две дела “Позајмениот фустан” напишана од Суада Лакишич – Бошњак и инструменталната верзија на велешката песна “Сербез Донка” која е аранжирана од Карл-Јохан Анкарблум.

Како звучи „Сербез Донка“ во изведба на Благој Ламњов и Симфонијата на Норшопинг, погледнете го видеото.

Mon Жан - Играчки