вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Ако расте бројот на заразени Србија не ја исклучува можноста да ги врати рестрикциите

Не се исклучува можноста за повторно враќање на рестрикциите во Србија. Ова го изјави епидемиологот Срѓа Станкович за РТС кој изјави дека е факт дека во последните неколку денови бројот на заразени од коронавирусот се покачил, но поголемиот дел се со лесна клиничка слика.

“Епидемијата слабее, но мораме да бидеме внимателни бидејќи вирусот и натаму има потенцијал да биде опасен за ранливите категории”, рече Срѓа Станкович.

Тој не ја исклучи можноста и за враќање на дел од рестриктивните мерки. На новинарско прашање дали вирусот е на почеток или крајот, тој кратко одговори “Нешто помеѓу”.

“Ова е крај на првата фаза од епидемијата на нашите простори. Потенцијатлот за втор бран и натаму постои ако не ги спроведуваме мерките. Во случај на втор бран, се надевам дека ќе успееме да го разбиеме во помали бранови со кои потоа ќе се справуваме поединечно”, рече српскиот епидемиолог Јанкович

Во Србија речиси се укинаа сите рестрикции. Се одржаа и првите спортски натпревари, на кои имаше и публика, која според видеата и фотографиите по социјалните мрежи, не се почитуваа мерките за заштита како растојание и маска, а ги отворија и границите.

Денеска треба да се одржи вечното дерби на двата најголеми клуба Партизан и Црвена Звезда, на стадион кој има капацитет од 30.000 седишта.

Во Србија се закажани парламентарни избори избори на 21 јуни.

Mon Жан - Играчки