Со секое „Те сакам“ го подобрувате вашето здравје и благосостојба

Батали Blog

Со секое „Те сакам“ го подобрувате вашето здравје и благосостојба

vljubeni-997x485

Истражувањата говорат дека над 50 отсто од двојките кои се во врска од две до пет години, си велат „Те сакам“ барем еднаш дневно. Сепак, по десетата заедничка година, тој број се намалува на 33 отсто и помалку.

Но, психолозите велат дека луѓето не треба да се откажуваат од оваа навика, заради успешна и подолготрајна врска.

„Тие два збора – „Те сакам“ се како кислород и храна за врската. Ја одржуваат во живот. Со многу малку напор, добивате многу“, вели психологот Лиса Аранго.

Според неа, тоа ја зголемува меѓусебната доверба и ја подобрува општата благосостојба во домот.

„Изразувањето љубов во кој било облик, е корисно за вашето здравје. Секогаш кога даваме и примаме љубов, нашите тела го лачат хормонот окситоцин којшто нѐ прави посреќни и ни помага во справувањето со стресот“, смета психологот.

Извор: МИА

By signing in, you agree to our terms and conditions and our privacy policy.

New membership are not allowed.

Noxe Studio

The Noxe Film Studio
1418 Noxe Street, Suite 3845
California, USA

Center Office

+(01) 426-9824
hello@gloriathemes.com
12369, New York, USA