Повторно висок број заразени, нов случај и во Велес

1
Infektivna klinika Skopje naslovna

Еден новозаразен велешанец од коронавирус е регистриран во последните 24 часа. Во исто време, четири пациенти од Велес оздравеле. Во последното деноноќие во земјава се регистрирани 125 нови случаи со коронавирус, а направени се 1019 тестови.

По градови, состојбата е следна:

  • Скопје 89
  • Куманово 4
  • Штип 2
  • Прилеп 2
  • Тетово 11
  • Струга 3
  • Велес 1
  • Охрид 8
  • Гостивар 1
  • Струмица 2
  • Кичево 1
  • Ресен 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

  • Скопје 1
  • Прилеп 1
  • Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.