Владата закажа избори на 5 јули

3
vlada

На денешната седница Владата усвои дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес со која се задолжува МВР во рок од еден ден да ги достави листите на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош како и листата на државјани кои ќе направат 18 години до денот на изборите или 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, објави веб порталот Нова ТВ.

Со оваа одлука ДИК се задолжува да ги преземе сите неопходни активности за подготовка на изборниот процес согласно изборниот законик. Со истата одлука министерството за здравство се задолжува да ги обезбеди сите неопходни средства за заштита за членовите на избирачките тела.

За оваа одлука гласале сите членови на владата со исклучок на техничкот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Доколку вонредната состојба не биде продолжена по нејзиното истекување, согласно oваа одлука изборите ќе се одржат на 5 јули.

Високи претсавници на владата како и раководсвото на владеачката СДСМ веќе соопштија дека не гледаат причина за продолжување на вонредната состојба.

Од ВМРО ДПМНЕ пак и денеска од говорницата на партиското седиште порачуваат дека не е време да се разговара за избори . И порачаа на СДСМ дека и денешните бројки на новоинфицирани од Ковид 19 не дозволуваат лагодност за да се дискутира и оди на избори по секоја цена.

Извор: novatv.mk