четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Бремената „докторка“ чиј свекор имал ковид-19 всушност лажела дека е лекар, немала ниту работна дозвола

lekarska komora

Пациентката за која „Слободен печат“ пишуваше, која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала лажни податоци во епидемиолошката анкета всушност лажела дека е доктор, немала ниту лиценца за работа, велат од Лекарската комора.

Лекарската комора на РСМ на барање на ДСЗИ извршила проверка во Регистарот на лекари од причина што во моментот на престојот во двете здравствени установи пациентката се претставувала дека е лекар.

Лекарската комора утврдила дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РСМ и не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит.

Во врска со случајот со пациентката која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала…

Публикувахте от Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë в Сряда, 10 юни 2020 г.

Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство.

Лекарската комора остро го осудува ваквото неодговорно однесување со кое пациентката ги загрозила здравствените работници, родилките и новороденчињата во двете здравствени установи, а однесувањето уште повеќе е неприфатливо доколку навистина се работи за медицинско лице, поради што апелираме до надлежните органи да продолжат со истрагата до целосно расчистување на случајот.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Поврзани вести:

Mon Жан - Играчки