сабота, 26 септември, 2020
Реклама

Три дијаболи извадени од телото на бабата, внукот доби кривична за обид за убиство

Manastirec baba naslovna

Три дијаболи од воздушен пиштол се извадени од надлактицата на 81–годишната жена од Манастирец, во која завчера пукаше нејзиниот 33–годишниот внук, по кратка семејна расправија. Операцијата поминала добро, велат од кавадаречката болница

„Пациентката е во стабилна состојба, надвор од животна опасност. Таа ќе остане на одделението за хирургија за да ја следиме нејзината состојба. Трите метални кугли беа на различни локации во пределот на десната надлактица, вели д-р Благој Митев, хирург од хируршкото одделение на Општа болница Кавадарци.

Металните кугли се дадени на вештачење. Во меѓувреме, полицијата поднесена кривична пријава против нејзиниот внук, 33-годишниот Б.Л., кој во воздушен пиштол пукаше кон неа.

Manastirec B.L.
33-годишниот Б.Л. доби кривична пријава за обид за убиство

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава  против Б.Л. (33) од с.Манастирец, општина Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ при семејно насилство“, велат од МВР.

Пред три дена, во семејниот двор на нивната куќа во село Манастирец, по кратка расправија, пријавениот со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон неговата баба 81-годишната С.М., при што ѝ нанел повреди.

Manastirec kuka
Дворот на куќата во с. Манастирец, каде што се одвивала семејната драма

Семејството е регистрирано како социјален случај. Во куќата во Манастирец, Б.Л., кој има психички проблеми, живее со неговата сопруга, баба и дедо. Пред пет месеци, поради неплатени сметки семејството живееше без струја во својата куќа. По интервенција на новинарската екипа на ТВ 24, хумани граѓани им помогнаа и им ги платија заостанатите сметки за струја, но и донираа храна, хигиена и покуќнина.

Поврзани вести:

Mon Жан - Играчки