четврток, 6 август, 2020
Најнови вести
Реклама

Тони Савевски избран за најдобар странец на АЕК Атина на сите времиња

toni savevski

Легендарниот фудбалер на Вардар и член на шампионската генерација од 1987 година е избран за најдобар странски фудбалер во историјата на грчкиот АЕК Атина.

SkillUP

Изборот го организираше клубот, а во него повеќе од 7.000 фанови го дадоа својот глас.

Речиси половина од навивачите што гласале, се изјасниле за Савевски, кој освои дури 47% од гласовите. Екс вардарецот е убедливо прв, а во изборот ги победи славните имиња како што се Бразилецот Ривалдо кој освои 16% од гласовите и легендарното име на екс-југосповнскиот фудбал Душан Бајевиќ со 13%.

57-годишниот Тони Савевски е роден во Битола, а во тамошниот Пелистер ги направи првите фудбалски чекори. Во Вардар дојде во 1980 година и во следните осум години за скопскиот клуб одигра 181 натпревар, на кои постигна 10 голови, а освои и една шампионска титула во поранешна Југославија. Целосната фудбалска афирмација Савевски ја доживеа во грчки АЕК, во чиј дрес настапи 356 пати и постигна 51 гол. Притоа успеа да осви четири шампионски титули и има три титули од грчкиот Куп.

За Југословенската репрезентација одигра два меча, а подоцна, во дресот со македонскиот државен грб забележа девет настапи.

Поврзани вести:

Реклами
Mon Жан - Играчки