ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот на СДСМ не го прифативме

Батали Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот на СДСМ не го прифативме

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, вчера на ТВ21 рече дека со опозицијата биле блиску да договорат избори на 8 јули.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира, како што вели, „лагите на Заев“, дека 8 јули е преговаран датум. Тоа е предлог на СДСМ, кој од ВМРО-ДПМНЕ не е прифатен, велат од опозициската партија. Од партијата велат дека додека коронавирусот одзема животи, на Заев во главата му се само избори.

„Дополнително, Заев лаже кога вели дека ќе има целосна мисија на ОБСЕ и ОДИХР, тоа е лажна приказна на Заев, затоа што сака избори без набљудувачи. Доколку Заев сака некој да му верува, нека покаже јавно каде ОБСЕ се има изјаснето дека ќе испрати целосна мисија. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но нема да гази по мртви луѓе. Животот на граѓаните нема цена. СДСМ ќе изгуби, а ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да е. По поразот ќе следи одговорност за сите криминали, корупција и штети што и ги нанесе на Македониија. Тоа е причината зошто Заев бега и постојано ретерира“, велат од опозицијата.

Заев во вчерашното гостување на ТВ 21 кажа дека ако нема договор помеѓу партиите, тогаш останува 5 јули како датум за избори, бидејќи по завршувањето на вонредната состојба во сабота, истекуваат 22 дена, период по кој што треба да се одржат изборите.

Поврзани вести:

By signing in, you agree to our terms and conditions and our privacy policy.

New membership are not allowed.

Noxe Studio

The Noxe Film Studio
1418 Noxe Street, Suite 3845
California, USA

Center Office

+(01) 426-9824
hello@gloriathemes.com
12369, New York, USA