ЌЕ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ПУШИТЕ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ АКО РЕДОВНО ЈА КОНЗУМИРАТЕ ОВАА СМЕСА! Ви треба само 2 минути да ја направите!

1

Прочуената руска лекарка Антонина Шчипина ги советува пациентите како да престанат да пушат за само неколку дена.

Навистина е чудесно како делува оваа смеса. Ја убива секоја желба за никотин во вашето тело, а подготовката е повеќе од едноставна. Потребни ви се само суви лисја од тегавец.

Подготовка:

Земете неколку суви листови од тегавец, ставете ги во тегла и натопете ги во половина литар проварена вода. Покријте ја теглата и оставете ја да отстои два часа.

Во текот на денот треба да ја испиете целата количина од теглата. Конзумирајте ја секој ден, се додека вашата желба за пушење потполно не исчезне. Докажано е дека оваа билка ја намалува потребата на телото за никотин.

Ако го пиете овој чај седум дена, ќе видите колку желбата за пушење ќе се намали. После неколку дена веќе нема да имате потреба за пушење. Ако го пиете овој чај еден месец, најверојатно ќе престанете да пушите засекогаш.

Исто така, можете да ги џвакате свежите листови.

Тегавецот има огромна лековита моќ. Потекнува од Евроазија, а археолошките наоди сведочат дека тегавецот се користел како лековито средство уште во римско време во Велика Британија. Чајот од листот на тегавецот помага кај заболувањата на дишните органи и кашлицата. Заради уште подобро дејство, се препорачува во комбинација со мајчина душичка. Тогаш е посебно ефикасен против бронхитис и астма, па дури и за заболување на црниот дроб и мочниот меур.

Сирупот од тегавец ја чисти крвта. Неговата ефективност е неверојатна и кај сите облици на рани, отоци од каснувања, исеченици и пликови. Кога ќе ви се случи нешто од ова во природа, ако е можно, направете облог од изгмечен и иситнет тегавец и ставете го на раната, а потоа превијте ја со газа, така што облогот подолго време да биде во контакт со кожата.