Стравична снимка на која полицијата по грешка ја убива актерката која играше со Џорџ Клуни го згрози светот

1

Застрашувачка снимка на која се гледа моментот кога полицијата ја убива актерката Ванеса Маркез во август 2018 година, се појави во медиумите и предизвика бурни реакции во јавноста.

Трагичната случка се случи во август 2018 година, а убиената Ванеса е позната по улогата во серијата „ЕР“, во која играше со Џорџ Клуни. Присутна беше во првите три сезони во улогата на медицинаската сестра Венди Голдман.

Снимката на која полицијата случајно ја убива ѕвездата предизвика бурни реакции во целиот свет, а го објави полицијата на Северна Каролина.

Полицијата пристигнала на повик на сопственикот на куќата во која актерката живеела, за да ја провери нејзината психичка состојба, а на снимката се гледа како униформирани доаѓаат до нејзината куќа во Лос Анџелес во моментот кога таа вади пиштол и вика: „Убијте ме, убијте ме!“.

Подоцна се утврдило дека пиштолот бил реплика, ама веќе било предоцна.

На снимката од камерата која ја носел еден од полицајците се гледа дека влегуваат во нејзината спална соба и ја наоѓаат на креветот затрупана со алишта и други работи.

– Ванеса, сите се загрижени за тебе, не повикаа да провериме како си – рече еден од полицаајците.

Актерката одговорила дека има напади, но одбивала да појде со нив во болница, зграпчила ножици, а потоа извадила и пиштол, пишува весникот „Сан“.

Ги молела полицајците да ја убијат, а тие ја молеле да го спушти пиштолот. Не постапила така како што барале од неа, па, како што се тврди, почнала да пука на нив. Полицајците возвратиле и наводно испукале осум куршуми, од кои два ја погодиле и таа умрела во болница.

Подоцна излегло дека пиштолот кој Ванеса го држи и со кој „пукала“ бил реплика.

Нејзиното семејство го тужи градот Јужна Пасадена и смета дека е одговорен за смртта на Ванеса, наведува АБЦ. Имаше 49 години кога беше убиена.