ОЛИМПИСКА ПОБЕДНИЧКА СУСПЕНДИРАНА НА ЧЕТИРИ ГОДИНИ

1

Олимписката победничка на трката со пречки на 3.000 метри, кениската атлетичарка која ги брани боите на Бахреин, Рут Џабет (23) е суспендирана на четири години, откако на 1 декември 2017 година падна на допинг-контролата.

Таа беше привремено суспендирана на почетокот на 2018 година за употреба на недозволени допинг супстанци, а сега пристигна и официјалната казна.

Џабет, која започна да се натпреварува за Бахреин на 16 годишна возраст, има право на жалба, но најверојатно таа нема да има можност да го брани олимпиското злато од Рио де Женеиро во Токио.

Две години пред Рио де Женеиро, Џабет освои златен медал на Светското јуниорско првенство.