НЕВООБИЧАЕНА СОСТОЈБА ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

2

Светот на спортот е под влијание на коронавирусот, па многу натпревари и натпреварувања се откажани и одложени.

Невообичаена ситуација се случува во Лигата на Европа, каде е откажан натпреварот на осмина финалето меѓу Базел и Ајнтрахт. Средбата требаше да се одржи во Базел на 19 март, но е откажана затоа што швајцарските власти забранија одржување на спортски настани поради коронавирусот.

УЕФА се надеваше дека ќе ги убеди Швајцарците да го играат мечот без публика, но по долгата средба предлогот на УЕФА беше одбиен. Од клубот сметат дека постои ризик од зараза, затоа што навивачите од Германија и покрај забраната би можеле да пристигнат во Базел, и да го проследат натпреварот во близина на стадионот.

Засега не е познато што ќе прави УЕФА со овој натпревар. Само е сигурно дека првиот натпревар ќе се одигра в четврток во Франкфурт.