СОПСТВЕНИКОТ НА ОЛИМПИЈАКОС ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС

1

Сопственикот на Олимпијакос и Нотингем Форес, Евангелос Маринакис, вели дека е заразен со коронавирус.

“Чувствував обврска да ве известам за ова. Се чувствувам добро и ги преземам сите неопходни мерки. Јас сум дисциплиниран и ги следам упатствата на лекарите. Силно ги советувам моите сограѓани да го сторат истото. Им посакувам на сите брзо закрепнување”, рече Маринакис во соопштението за печатот.

Маринакис ги купи црвено-белите на Пиреја во 2010 година, а во 2017 година стана мнозински сопственик и на Нотингем Форест.