понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

ОЛИМПИСКИОТ ФАКЕЛ Е ЗАПАЛЕН, А НЕИЗВЕСНО Е ОДРЖУВАЊЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО

Олимпискиот факел за игрите во Токио беше запален од сончевите зраци во античка Олимпија, што требаше да претставува последен чекор кон игрите, закажани да се одржат од 24 јули до 9 август, но сега поради пандемијата на коронавирусот може да се одложат.

Olimpiski

Актерката Ксанти Георгиу во улога на свештеник запали факел на церемонијата во античка Олимпија без гледачи користејќи конкавно огледало и сончева светлина. Факелот ќе биде предаден на организаторите на игрите во Токио на церемонијата во Атина на 19 март. Ова е прва церемонија за осветлување на факелот по 1984 година без гледачи.

Организаторите на игрите во Токио, како и Меѓународниот олимписки комитет (МОК), инсистираат на тоа дека Олимпијадата ќе се одржи според планираното, иако се повеќе се шпекулира дека незапирливото ширење на коронавирусот ширум светот може да ги одложи игрите.

Mon Жан - Играчки