НБА КОШАРКАР ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

1

НБА ѕвездата Донован Мичел е заразен со коронавирус, јавуваат сите американски медиуми. Мичел игра во Јута

Мичел е втор НБА кошаркар кој е заболен од коронавирус заедно со и неговиот соиграч Руди Гоберт. Тие го одиграа својот последен натпревар против Торонто Рапторс на 10 март.

По бројните откажувања на спортски натпреварувања во Европа, Американците ги запреа натпреварувањата во НБА, МЛС и други натпревари.

Мичел и Гоберт не се првите заразени спортисти . Коронавирусот им беше дијагностициран на фудбалерите Даниеле Ругани (Јувентус), Маноло Габиадини (Сампдорија) и кошаркарот на Реал Мадрид Треј Томпкинс .

Речиси сите познати спортски настани се одложени во светот.