сабота, 26 септември, 2020
Реклама

ЧАДИЕВ И КОЛЕВ: СЕ ВОДИ ПОЛИТИЧКА ХАЈКА ПРОТИВ НАС!

Ова е политичка хајка против нас. Обвинението е политички мотивирано од страна на власта. Ова во завршни зборови во велешкиот суд го кажаа поранешниот градоначалник на Велес Славчо Чадиев и екс претседателот на Советот Александар Колев. Тие се обвинети дека додека била на функциите, не го почитувале правилникот на општината и ги злоупотребувале службените возила, а општинската каса ја оштетиле за 170 илјади денари. Чадиев рече дека во својот четиригодишен мандат не исплатилч ниту една дневница на вработен во општината за службено патување. Напротив, рече тој, имотот на општината го зголемив за повеќе од 6 милиони евра.

„Никогаш не сум дал никаква усна наредба на некого над кого сум имал надлежност за приватно да користи имот на општината. Со оглед на тоа што кривичната пријава е поднесена од актуелниот градоначалник Аце Коцевски и неговата партија СДСМ, обвинението го сметам за политичка хајка против мене“, рече Славчо Чадиев во својот завршен збор.

Цитирајќи го римскиот филозоф Сенека, поранешниот претседател на Советот на општина Велес Александар Колев исто така го отфрли обвинението како неосновано.

„Тоа што не се чувствувам виновен не значи дека се чувствувам слободен, затоа што мојот живот е во рацете на бранителите, обвинителите и судиите“, рече Александар Колев.

Бранителот на обвинтетите во својот завршен збор рече дека обвинителството не изнело ниту еден доказ дека Чадиев и Колев го сториле делото и дека користеле службени возила во приватни цели, па побара слобода за неговите клиенти. Обвинителката Славица Темелковски побара казна за двајцата обвинети, бидејќи смета дека го докажала кривичното дело со кое екс градоначалникот и првриот човек на Советот ја оштетиле општината. Судијата Шефшет Адеми пресудата ќе ја соопшти во понеделник, на 16 март.

Mon Жан - Играчки