Донираните бубрези од починатиот велешки правобранител Пинев „оживеаја“ во телата на примателите

1
Pinev Prvobranitel

Двајцата пациети на кои вчераутро им беа трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба, изјави д-р Сашо Дохчев за порталот 24 Инфо.

„Пациентите се добро, според првичните резултати, ги прифатиле добро бубрезите. Ова е четврта  кадаверична трансплантација годинава, од кои три беа успешни“, рече Дохчев.

Тој не сакаша да коментира зошто неколку пациенти одбиле да примат срце од 46-годишниот Борче Пинев, кај кој завчера беше потврдена мозочна смрт.

saso dohcev
д-р Сашо Дохчев

Еден од пациентите кои добија бубрег е 35 годишна девојка, која веќе неколку години е на дијализа.

Државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинов (46) е човекот, чие семејство во најтешките моменти покажа огромна хуманост и по неговата смрт реши да ги донира неговите органи.

Пинев, кој пред осум години беше именуван на функцијата државен правобранител за подрачје Велес, почина завчера, откако четири дена беше во кома, по пад од дрво. Тој денеска беше погребан на новите градски гробишта кај Раштани, во Велес. Зад себе остави сопруга и две ќерки.

Можеби ќе ве интересира: