сабота, 26 септември, 2020
Реклама

СЗО го продолжи времетраењето на глобалната подготвеност поради пандемија

who_president

Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи за уште три месеци состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, соопштено е после седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.

Во соопштението се истакнува дека е донесена едногласна одлука за продолжување на состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, која го загрозува јавното здравје низ целата планета.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.

Пандемија го зафаќа човештвото еднаш во 100 години, а нејзините ефекти ќе бидат почувствувани во децениите што следуваат, истакна Гебрејесус.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки