четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Во Црна Гора, петти ден по ред, повеќе излекувани од новозаразени

Crna gora pocinati korona

Бројот на активни случаи на заболени од коронавирус во Црна Гора е намален за 300 во последните пет дена, а според податоците објавени од црногорскиот институт за јавно здравје во неделата, 1 762 случаи се сеуште активни во таа земја.

Статистички гледано, во Црна Гора до вчера биле заразени 280 лица на 100 000 жители, додека на врвот на епидемијата, во последните денови од јули, со коронавирусот биле заразени 2 065 лица или 320 на 100 000 жители.

Опаѓањето на бројките, како што објаснуваат црногорските здравствени власти, се должи поради поголем број на оздравени од бројот на ново заразени, тренд за кој тие веруваат дека ќе продолжи.

Црногорските здравствени власти одлучија, по меѓународните препораки, да го скратат времето за изолација од сегашните 21 до 14 дена.

Од почетокот на пандемијата, вкупниот број регистрирани случаи на заразени со коронавирус во Црна Гора е 3258. Во првиот бран, земјата забележа само 324 случаи на ковид 19 и девет смртни случаи, додека во вториот бран на пандемијата, која започна во средината на јуни, заразени се 2934 Црногорци, а починале 42 пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки