Рекордни 262 929 новозаболени од ковид 19 во светот

1
Covid world

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени се рекордни 262 929 случаеви на коронавирус.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 5 851 со што вкупно 680 894 луѓе починале од последици од Ковид 19, а бројот на заразени лица се искачи на 17 660 523.

Најголем број на инфицирани лица – 9 476 763 регистрирани се во Јужна и во Северна Америка. За еден ден бројот на заразени лица се зголемил за 156 433, а бројот на починати порасна за 3 963, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 359.180.

Во Европа потврдени се 3 375 535 случаи на Ковид-19 и 213 284 смртни случаи. Во изминатите 24 часа бројот на новозаболени се зголеми за 17 419 лица, а бројот на смртни случаи за 323.

Во Југоисточна Азија за еден ден потврдени се 58 971 случаи и 937 лица починале од последици од коронавирус. Вкупниот број на заразени лица во тој регион се искачи на 2 131 165 , а од почетокот на пандемијата починале 45 837 луѓе.

По бројот на заразени лица на прво место се САД со 4 523 888 потврдени случаи, следат Бразил со 2 662 485 случаи и Индија со 1 750 723 заразени луѓе.

Меѓу првите десет земји во светот по бројот на заразени лица се и Чиле со 357.658 случаи, Иран со 306.752 заболени и Велика Британија со 303.956 заразени со новиот коронавирус.

Можеби ќе ве интересира: