(ВИДЕО) Повторно ромски улични свадбари во Велес, ниту носат маски, ниту држат растојание

1
Romska svadba 03.08.2020

Ова се случува попладнево низ улиците на градот, во близина на црквата „Света Богородица“. Коронавирусот не ги поколебаа овие жители на Велес од ромска националност да си организираат свадба, без носење маски и држење растојание.

Иако забраната за организирање веселби поради опасност од ширење на вирусот се уште е на сила, овие луѓе го прекршуваат законот, а засега, надлежните ги нема да реагираат.

Пред две недели на истото месо се одржуваше свадба, на која никој не носеше маска и не држеше растојание.

Со ваквото однесување, овие луѓе го доведуваат во опасност и сопственото, но и здравјето на сите граѓани.