вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Специјалците повторно на терен, продолжува потрагата по 16-годишното момче

pretor-udaveno-momce

Поради лошите временски услови потрагата по 16 годишното момче синоќа беше привремено прекината, а од утрово специјалците повторно се во потрага во водите на Преспанското езеро.

Според очевидците, до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата, пишува порталот slobodenpecat.mk

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки