Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

2
benzin

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека цените на бензините се зголемуваат за половина денар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.50%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.50 денари по литар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 60.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 62.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари за литар и еден литар дизел гориво ќе чини 52.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Мoжеби ќе ве интересира: