вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Две тепачки за Илинден во Велес, нападнат продавач додека бил на работа

policija-mk (1)

Велешката полиција регистрираше два физички напада за време на Илинденскиот празник. Првиот се случил околу 20:20 часот, кога 34-годишен велешанец во неговиот дом бил физички нападнат од 11 години помлад сограѓнин и уште едно лице.

„На 02.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 20.20 часот А.М.(34) во неговиот дом бил физички нападнат од С.П.(23) и уште едно непознато лице“, соопшти СВР Велес.

Втората тепачка се случи два и пол часа подоцна, кога бил нападнат продавач на своето работно место.

„На 02.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот во продажен објект на  ул„Тодор Христов – Офицерчето“ во Велес, вработениот Н.Л.(25) бил физички нападнат од К.С.(29), кој, пак, набрзо бил нападнат од Ѓ.Ч.(41)“, соопшти СВР Велес.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки