(ВИДЕО) Погледнете како звучи дуетот на македонскиот музичар Пере Јованов со Брајан Меј, гитаристот на Квин

Батали Blog

(ВИДЕО) Погледнете како звучи дуетот на македонскиот музичар Пере Јованов со Брајан Меј, гитаристот на Квин

Pere Jovanov ft Brian May

Не се случуваат често дуети на македонски музичари со светски музички ѕвезди. Таква среќа имаше македонскиот виолончелист Пере Јованов од струмичко Куклиш, кој изведе онлајн дует со Брајан Меј, легендарниот гитарист на „Квин“.

Тие ја изведуваат нумерата Love of My Life, која Фреди Меркјури, починатиот фротнмен на светски познатиот бенд, своевремено и ја посвети на неговата најголема љубов Мери Остин, со која беше шест години во врска.

Инаку, 32-годишниот Пере Јованов повеќе години живее и работи во Токио, откако по завршувањето на средното музичко училиште во Штип, се запишал на Kонзерваториумот „Г.Б. Мартини“ во Болоња (Италија), каде што дипломирал во 2013 година на насоката „музичар изведувач“ – виолончело. Во текот на престојот во Италија, од 2005 до 2013 година, на еден од неговите настапи се вљубил во девојка од Јапонија. Таа девојка денес му е сопруга и заедно живеат во Токио.

Погледнете го дуетот со Брајан Меј:

https://www.facebook.com/pere86jovanov/videos/319990765853845/

Можеби ќе ве интересира:

By signing in, you agree to our terms and conditions and our privacy policy.

New membership are not allowed.

Noxe Studio

The Noxe Film Studio
1418 Noxe Street, Suite 3845
California, USA

Center Office

+(01) 426-9824
hello@gloriathemes.com
12369, New York, USA