Повеќе оздравени отколку заразени во последните 24 часа регистрира институтот за јавно здравје

2
Covid Macedonia 2

Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрира нови 75 случаи на Ковид-19, од вкупно 830 тестирања.

Во Велес во последното деноноќие не е регистриран нов случај на заразен од коронавирусот.

Најмногу од нив има во Скопје 32, Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавдарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Неготино 1, и Кичево 2.

Денеска институтот за јавно здравје регистрира и 136 оздравени пациенти, но и починати се пет лица.

Досега во земјата се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19, a денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Можеби ќе ве интересира: