Пронајдено телото на момчето што исчезна во преспанското езеро

1
pretor-davenik-4

Пронајдено е тeлото на 16-годишното момче кое завчера исчезна во водите на Преспанското Езеро, потврди за порталот „Сакам да кажам“ градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски. Телото по два дена трагање од нуркачи е пронајдено во туристичката населба Претор, во близина на местото каде што момчето исчезна.

Тоа се изгуби во водите на Преспанското Езеро во саботата попладнето околу 18 часот, за време на праникот Илинден, кога со другари се возеа со педалина низ езерото во туристичката населба Претор.

Според изјавата на концесионерот на педалините Ведат Адемовски, педалината била исправна и не се превртела, туку момчињата скокале од неа.

По несреќата во Претор, полицијата сѐ уште нема детални информации дали лицата носеле елеци за спасување, како што налага законската обврска. Нуркачи кои учествуваа во потрагата по исчезнатиот рекоа дека момчињата не носеле елеци.

Извор и фото: sdk.mk

Можеби ќе ве интересира: