Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

2

Три години и шест месеци затвор доби поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски. Ваква одлука донесе вечерва судијката Валентина Ѓорѓиевска од велешкиот суд, по маратонското рочиште, кое почна утрово во 10 часот.

Панчевски ќе има право да се жали на оваа одлука од слобода, бидејќи судот вечерва му го укина притворот.

Владимир Панчевски беше обвинет дека како прв човек на скопскиот кривичен суд ги злоупотребувал системот за електронска распределба на предмети наречен АКМИС и рачно, по сопствена желба бирал судии, кои ќе ги судат предметите на тогашното СЈО.

Судењето започна пред две недели, откако Панчевски беше обезбеден преку изречената мерка притвор, која во моментов ја издржува во затворот “Шутка”. Речиси цела година тој не се појавуваше на судењата, по што судот му ја изрече мерката за обезбедување. Предметот го суди велешкиот суд поради конфликт на интереси на скопскиот кривичен суд, кој Панчевски го водеше.

Можеби ќе ве интересира: