(ВИДЕО) Девојките од „The Chicks“ со ново видео за синглот „Insanity“

3
the chicks tret singl

Девојките од Велес, триото The Chicks деновиве го издаде видеото за третиот сингл со наслов „Insanity“ од нивниот албум – првенец „Travelers“. Авторскиот тим кој работеше на оваа песна е речиси истиот кој ги создаде и првите две песни од албумот.

Музиката и аранжманот е на Александар Чекреџи- Чекре, текстот го напишаа девојките од The Chicks, а аудио продукцијата е на Александар Ристовски – Принц. За миксот и мастерингот се задолжени Златко Симионски – Зеко и ДоРеМи продукција.

И овој пат трите девојки од The Chicks – Моника, Сандра и Наталија се сами погрижија за видеото, во кое помош имаа од Даре Димов.

Можеби ќе ве интересира: