Амбасадата на САД за пресудата за Панчевски: Позитивен чекор напред

4
Pancevski sud 1

Aмериканската амбасада во Скопје смета дека првостепената пресуда за поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, од три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот е позитивен чекор напред во барањето одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност.

Еве што на Твитер напишаа од Амбасадата:

„Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност“,

Панчевски беше осуден на три години и шест месеци затвор, а пресудата доцна синоќа ја објави судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес.

Извор: 360 степени https://360stepeni.mk/ambasadata-na-sad-za-presudata-za-panchevski-pozitiven-chekor-napred/

Можеби ќе ве интересира: