Денеска облачно, посвежо, со пороен дожд и грмежи

2

Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално и особено од пладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата ќе се достигне до 29 степени, а вредноста на УВ зрачењето ќе биде 6.

Променливото, облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи се очекува да се задржи и во текот на утрешниот ден, кога ќе дува слаб, до умерен, претежно североисточен ветер. Максималната температура на воздухот ќе се движи помеѓу 21 и 30 степени.

Временска прогноза за сабота, недела и понеделник:

vremenska prognoza tri dena 08,09,10.08.2020

Можеби ќе ве интересира: