Tридневна жалост во Либан: Загинаа најмалку 135 луѓе, повредени 5.000, без дом 300.000

1
Bejrut

Во старотната експлозија во Бејрут, главниот град на Либан, загинаа  135 луѓе, соопшти синоќа министерот за здравство Хамад Хасан. Повредени се околу 5.000 луѓе, а без дом останале 300.000 граѓани. Премиерот Хасан Дијаб прогласи тридневна жалост во земјата.

Пожарот во складиштето со оружје во пристаништето Бејрут предизвика силна експлозија вчера, а како последица на детонацијата предизвикана е значителна штета на многу објекти и возила.

Претседателот на Либан Мишел Аун, смета дека амонијак-нитрат е причина на експлозијата што доведе до рушење на трикатна зграда, а експлозијата се слушна во многу делови од градот.

Врховниот совет за одбрана на Либан, го прогласи Бејрут за град погоден од катастрофа, а воведена е вонредна состојба во градот во траење од две недели.

Вчерашната експлозија ја продлабочи тешката состојба во земјата, која веќе со месеци се соочува со економска криза и политичка поларизација.

Можеби ќе ве интересира: