„Сестрите Прозорови“ на велешкиот театар ја отворија драмската програма на „Охридско лето“

2
sestrite prozorovi ohridsko l

Со театарската претстава Сестрите Прозорови (случај) во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ oд Велес, синоќа започнува драмската програма на годинешното јубилејно издание на Охридско лето.

Претставата работена по мотиви на „Три сестри“ од Чехов, се одигра во Предворјето на црква Св. Софија со  ограничен број на публика поради строгите здравствени протоколи под кои се одржува јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“.

Сестрите Прозорови (случај) е коавторски проект на охриѓанецот Сашо Димоски и познатиот актер Васил Зафирчев. Улогите во претставата ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски.

Случајот на Сестрите Прозорови, театрализиран во оваа претстава инспириран е од ужасот кој се случувал од 1946 до 1958 година во Алабама САД. Хенри Т. Џонс, по самоубиството на неговата сопруга Мелани, извршено со истрел од пиштол во глава, ги затворил своите 3 ќерки, Тара 11 години, Мери 7 години и Ирма 4 години, во подрумот од својата куќа. Пријавуваќи ги пред надлежните органи за исчезнати, дал исказ дека е возможно нивната мајка да ги убила пред да се самоубие и ги сокрила телата. Алибито успешно го спроведувал полни 12 години. Тој ги држел затворени во подрум во својата куќа се до својата ненадејна смрт во сообраќајна несреќа во 1958 година, излетувајќи со автомобилот во провалија.

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ оваа година ќе понуди претстави од домашната продукција, кои се адаптирани на новонастанатата состојба.

Извор: www.ohridnews.com

Можеби ќе ве интересира: