Започна шестнеделен карантин во Мелбурн

3
Melburn Karantin

Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн е прв ден во карнтин од откако властите оддлучија градот да го стават во шестнеделен карантин поради вториот бран на пандемијата на коронавирус.

Продавниците се затворени, а улиците се празни во овој град со пет милиони жители, главниот град на австралиската држава Викторија, кој во последните 24 часа има регистрирано 471 случаи на позитивни на коронавирус и осум смртни случаи.

Но, порастот на заразени во државата Викторија се заканува дека ќе се прелее во остатокот од земјата. Нов Јужен Велс во средата забележа 12 нови случаи на Ковид-19, или вкупно 483.

Австралија досега има регистрирано околу 20 000 случаи и 255 смртни случаи, што е сеуште многу помалку отколку во многу други развиени земји.

Можеби ќе ве интересира: