вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Велешката полиција вчера казни 23 моторџии и 34 граѓани без маски

Policija patrola naslovna

За само шест часа синоќа, полицијата казнила 23 моторџии на целото подрачје кое го покрива СВР Велес. Така, во Велес, во периодот од 17 до 23 часот, казнети се девет возачи на моторцикли кои ги прекршиле сообраќајните закони. Исто толку мотоциклисти се казнети во Неготино, а во Кавадарци петмина возачи на мотори добиле казни.

Полицијата најчесто ги казнува моторџиите кои не носат кацига, управуваат нерегистриран мотор или се без возачка дозвола или не носат ниту возачка дозвола, ниту лична карта.

Во истиот период полицијата казнила и 34 граѓани за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита. Во Велес казнети се 27 граѓани, тројца во Кавадарци и четворица во Неготино.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки