четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Кои се двајцата велешки затвореници кои добија помилување од претседателот Пендаровски

zatvor Idrizovo

Осудениците Зоранчо Димовски и Демирали Зекиров се единствените велешани меѓу 17-те затвореници, кои од претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски добија скратување на затворската казна по повод националниот празник Илинден. Димовски доби скратување од четири, а Зекиров од три месеци.

Петнаесет затвореници, меѓу кои и двајцата велешани, добија делумно ослободување од казна. Најголемото скратување на казната има кај затвореник од село Пласница, кој дома ќе си замине половина година порано. Двајца затвореници, еден од Струмица и еден од Куманово од претседателот Пендаровски добија целосно ослободување од казната.

sluzben vesnik

Традиционално, секоја година по повод националниот празник Илинден, шефот на државата целосно или делумно помилува граѓани кои издржуваат затворски казни низ затворите во земјата.

Сепак, според законот, претседателот не може да даде помилување на лица осудени за кривичните дела против изборите и гласањето, кривичните дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела против здравјето на луѓето, кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и употреба на дроги и кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки