Денеска повеќе од двојно оздравени од заразени

2
Covid Macedonia 2

Дури 259 оздравени, наспроти 113 новозаразени со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Во истиот период починале шест пациенти како последица од Ковид-19. Најголем дел од оздравените се од Скопје, вкупно 103, а од главниот град доаѓаат и најмногу од новозаразените – 35. Во Велес во последното деноноќие не се регистрирани ниту новозаразени, ниту пак оздравени пациенти.

Новите 113 случаи се откриени по направени 1543 тестирања. По градови состојбата со новозаразени е следна:

  • Скопје 35
  • Куманово 12
  • Штип 23
  • Прилеп 1
  • Тетово 5
  • Струга 1
  • Битола 7
  • Охрид 6
  • Гостивар 15
  • Кочани 2
  • Пробиштип 1
  • Демир Хисар 2
  • Македонски Брод 1
  • Валандово 1
  • Виница 1

Тројца од починатите пациенти се од Скопје, а битката со короанвирусот ја загубија по еден пациент од Куманово, Струга и Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.

Можеби ќе ве интересира: