недела, 20 септември, 2020
Реклама

Црна Гора ја прошири листата за да им доаѓаат гости, ама не и од Македонија

Sveti Stefan Crna gora

Ако се надевавме дека наместо во Грција летниот одмор можеби ќе го искористиме на Јадранско Море, во Црна Гора, таа можност засега отпаѓа бидејќи оваа земја се уште не дозволува влез за македонските граѓани.

Македонија не се најде ниту на зелената листа што ја објави Црна Гора, на која освен земјите членки на ЕУ се наоѓаат и држави од кои според тамошните власти има минимален ризик за ширење на ковид-19.

Со новото проширување можност да заминат на летување во Црна Гора без дополнителни мерки во борбата со пандемијата се најдоа граѓаните од државите Азербејџан, Белорусија, Канада, Русија, Украина и Зимбабве.

Нашата држава не се наоѓа ниту на „жолтата листа“ на земји, на чии државјани со негативен ПЦР тест им е овозможен влез во Црна Гора.

Со негативен ПЦР тест, влез е можен во Бугарија, а целосно слободно е патувањето во Србија и Албанија.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки