Сообраќајка на патот Велес-Штип, двајца повредени

2
Policija lenta

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип, во атар на с.Три чешми. Несреќата се случила помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(30) од Скопје и патничко возило „форд ка“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(49) од Виница.

Во незгодата Н.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира: