Обезбедувач во казино истепал 55-годишен човек

2
kazino

Кавадарчанец на 55-годишна возраст завчераутро бил истепан од обезбедувач во казино, кој му нанел тешка повреда. Настанот се случил на 5 август во 5 часот наутро. Двајцата прво имале кратка расправија, по што вработениот од обезбедувањето на казиното го удрил кавадарчанецот, соопшти полицијата.

„На 06.08.2020 во 09.30 часот во ОВР Кавадарци Л.Ј.(55) пријавил дека на 05.08.2020 околу 05.00 часот пред казино, по кратка вербална расправија со В.К.(48), вработен како обезбедување во казиното, бил физички нападнат, при што се здобил со тешка телесна повреда“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: