Трагедија во Белград: Почина Мајкл Оџо, екс-центарот на Црвена Звезда

1
michael ojo

Голема трагедија се случи во Белград, а почина 27-годишниот кошаркар Мајкл Оџо. На Нигериецот, кој играше за Црвена Ѕвезда му се слошило на тренингот што се одржувал на фудбалскиот стадион на Партизан, а не помогнала ниту лекарската интервенција.

Обидот за реанимација во Ургентниот центар во Белград не бил успешен. Оџо е роден во Лагос во Нигерија, а колеџ кариерата ја мина во Флорида стејт.

Професионалната кариера ја почна во ФМП Железник, каде играше една сезона, а потоа мина две години и во Црвена Ѕвезда, екипа со која играше и во Евролигата.

Со „црвено-белите“ од Белград ја освои шампионската титула во АБА лигата во ланското издание. Оџо чекаше договор со нов клуб за сезоната што следи, откако по две години си замина од Црвена Ѕвезда.

Можеби ќе ве интересира: