(ВИДЕО) Обилните врнежи ги поплавија Чешиново, Горни и Долни Подлог

4
Poplava Kocani

Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта и претпладнево во кочанско предизвикаа излевање на одводните канали и на атмосферската и фекалната канализација, поради што и се поплавени дел од градските населби и селата.

Најкритична е состојбата во селата Горни и Долни Подлог каде водата навлезе во дворовите и домовите, а направи голема штета на складираното жито и сточната храна во амбарите, како и на градинарските посеви.

Поплавени куќи и дворови има и во соседната општина Чешиново – Облешево, а најголеми штети има во општинскиот центар, како и во селата Чифлик и Уларци.

Можеби ќе ве интересира: