понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

Нема нови случаи позитивни на ковид 19 во Велес, 155 во Македонија

Covid Macedonia 2

Одново високи бројки на заразени од коронавирус. Денес Министерството за здравство регистрираше 155 нови позитивни случаи на ковид 19.

Најмногу во Скопје 51, а со двоцифрена бројка се и Гостивар со 22, Тетово 10, Куманово 11, Штип 13, и Кавадарци со 14 позитивни случаи.

Следуваат Охрид со шест, Македонски Брод со пет, Прилеп и Демир Хисар со по четири. По три случаи има во Струга и Кичево, два има во Виница, Неготино и Дебар, а по еден позитивен случај има во Битола Гевгелија и Пробиштип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти, починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки